По неколкумесечните шпекулации, вклучително и гласините дека ќе му се приклучи на брендот Mиу Миу, Раф Симонс и официјално се претстави во јавноста како креативен директор на Прада, кој ќе работи заедно со Миуча Прада, почнувајќи од 2 април.
Белгискиот дизајнер ќе ја има истата одговорност за креативниот допринес и донесување одлуки како Миуча Прада, а со тоа што се приклучи на италијанската етикета, Симонс станува првиот човек надвор од семејството Прада што ја води куќата.
Тој исто така ја продолжува врската со компанијата, каде работеше заедно со тогашниот креативен директор на Прада Џил Сандер од 2005 до 2012 година.
Првата колекција на Прада од Миуча Прада и Раф Симонс ќе биде таа за пролет / лето 2021 година, а ќе биде претставена во септември оваа година.