Шармот и убавината се нивна професија, па можеме со сигурност да кажеме дека модните дизајнери се најголемите и најпочитуваните експерти на овие полиња.
Тие најдобро ја знаат секоја форма на женското тело и нивните совети за тоа како треба да изгледа вистинска жена, треба најсериозно да ги сфатиме.
Ако имате криви нозе, облечете подлабоко деколте. – Кристијан Диор
Грижата за изборот на чевли никогаш не е претерана. Многу жени мислат дека се неважни, но вистинската потврда за елеганцијата на жената е тоа што е на нејзините нозе. – Кристијан Диор.
Парфемот е незаменлива нијанса на женската индивидуалност, тој му дава последен допир на вашиот изглед. – Кристијан Диор
Колку полошо се чувствува девојката, толку подобро треба да изгледа. – Коко Шанел
Возраста на жената не е најважната работа: На 20 години може да предизвикате воодушевување, на 40 години може дa сте магично привлечни, а потоа, можете да бидете неодоливо привлечни до крајот на животот. – Коко Шанел
Тоа, како сте облечени, означува како ќе се претставите пред светот, особено сега кога човечките контакти се толку брзи. Модата е директен јазик, разбирлив без превод. – Мијуча Прада.
Шикот не можете да го лажирате, но можете да бидете шик со лажно крзно. – Карл Лагерфилд
Секогаш чекорете така, како да ве следат тројца мажи. – Оскар де ла Рента
Да се биде елегантен, не значи атрактивност на прв поглед. Да се биде елегантен значи да влезете во меморијата. – Џорџо Армани
Убавиот маж е најдобриот женски моден додаток! – Коко Шанел
Не навлегувајте премногу во трендовите. Не и дозволувајте на модата да ве освои, туку сами одлучете кој сте и што сакате да искажете со својата облека и начин на живот – Џани Версаче