Атрактивни сандали за оваа пролет
Со нетрпение чекаме да дојдат потоплите денови и време кога ќе можеме слободно да прошетаме низ градот во сандали.
Додека го чекаме нивното пристигнување, можеме да видиме дека модните брендови веќе излегоа со своите пролетни колекции, а high street понудите ги потенцираа сандалите на Zarа со популарната блок пета.
Оваа пролет ќе бидат популарни сандали по примерот на оние кои минатата сезона ги прослави италијанскиот бренд Bottega Veneta , а подолу можете да ги најдете моделите на Zarа кои сигурно ќе ве маѓепсаат.