Дубаи е водечка дестинација во светот во многу аспекти, така што гастрономијата не е исклучок. Заедно со највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа, како и некои од најголемите трговски центри, градот исто така може да се пофали со неверојатно искуство во кулинарството заради мултикултурализмот и креативноста на гастрономската понуда во областа.
Повеќе од 200 националности живеат во овој град, заради што мора да ги задоволи потребите на различните култури. Посетителите можат во секое време да уживаат во различни јадења подготвени во арапски, мексикански, индиски, јапонски, корејски, но и француски, италијански, британски и германски ресторани.
Оние што се заинтересирани за блискоисточна кујна можат да вкусат различни вкусови на арапска храна во Дубаи, вклучително и либански деликатеси. Без оглед на вашите преференции, Дубаи нуди широк спектар на храна која ќе ги задоволи сите вкусови.
Еден од најпознатите годишни гастрономски настани, Фестивалот за храна во Дубаи, ќе се одржи од 26 февруари до 14 март.
Taste of Dubai се одржува од 12 до 14 март и го претставува најдоброто од најдобрите во кулинарскиот свет. Посетителите можат да уживаат во креациите на реномирани готвачи, музика во живо и пијалоци, при што се очекуваат околу 25.000 посетители годинава.
Друг од настаните што секоја година привлекува посебно внимание е Beach Canteen. Фестивалот се одржува на прекрасната плажа Jumeirah и е бесплатен за сите посетители, а со камионите со храна, музиката и разните работилници се обезбедува забава за целото семејство.