Мода, со мириси.
Fendi ја освежи својата иконска чанта Baguett, овој пат со мирислива кожа.
Познатата модна куќа се здружи со парфимерот Fransis Kurkdian, кој ја патентираше техниката за парфемирање на кожи во 2014 година, за заедно да создадат модел со ограничено издание. Чантата FENDIFRENESIA е креирана од кожа Selleria и мириса на мошус со неутрален мирис на Kurkdian. Секоја торбичка доаѓа со мало шише од овој парфем, кое може да се нанесе на картичка скриена во торбичката, а може да се носи и на телото.