Иако дизајнерката и моделот соработуваат повеќе од 30 години, ова е прв пат Naomi да биде sвезда на кампања за Vivienne Westwood.
Поминаа 33 години од првата соработка на Vivienne Westwood и Naomi Campbell, а ова фантастично дуо повторно воодушевува и по толку години.
Naomi Campbell е sвезда на новата кампања на Vivienne Westwood, пролет / лето 2020, инспирирана од митологијата. Најголема фотографија што привлекува внимание беше онаа на 49-годишната Naomi гола и која не носи ништо друго освен прекрасна капа од тул и машна околу вратот.
„Мислам дека секогаш сè доаѓа на свое место, ако така е предодредено. Ми требаа 33 години да снимам кампања со Vivienne Westwood, но јас сум многу среќна што го правам тоа на 49-годишна возраст “, изјави Naomi