Во легендарниот ресторан Максим!
Пред модната недела во Париз, Прада претстави ново поглавје на Прада Мода Париз, специјална културна платформа на брендот која ги спојува музиката, дискусијата, гастрономијата и модата.
Претходно, иницијативата се одвиваше во Мајами, Лондон и Хонг Конг. Џиџи Хадид, Летиција Каста, Алекса Чанг, Каја Гербер и други пријатели на брендот, дојдоа да го прослават претставувањето во Париз.
Гостите се собраа во легендарниот ресторан Максим. Посебно за Прада Мода Париз, истражувачката за вештачка интелигенција професорката Кејт Крафорд и уметникот Тревор Паглен го трансформираа просторот во инсталација Making Faces, презентирајќи уметнички проекти и архитектонски модификации на темата за собирање податоци, набљудувања и препознавања на лицата.