Можеби е реално дека тексас јакната е несоодветна, односно премногу тенка за носење во зима, но сега не зборуваме за обична тексас јакна, туку за онаа со крзно.
Тексас јакните со крзно направија вистински бум на социјалните мрежи, покрај тоа што се исклучително ефектни, тие, истовремено ве топлат во текот на овие студени месеци.
Погледнете подолу како класична тексас јакна збогатена со крзно ја носат девојките на Инстаграм.