Фактот дека блогерите сега заработуваат неверојатни суми пари благодарение на своите објавувања и влијание, не е вест …
Сепак, докажувајќи ги нашите претходни тврдења дека се точни, еден пар блогери за патувања, штотуку си направија луксузен стан на Бали, благодарение на приходите што ги добиваат исклучиво од постовите на Инстаграм.
Парот, Џек Морис од Манчестер кој има 2,7 милиони следбеници(@doyoutravel) и неговата девојка од Австралија Лорен Булен која има 2,1 милиони фанови (@gypsea_lust), сами го дизајнирале својот дом од соништата.
Целиот имот бил купен од пари што ги заработиле преку спонзорства и креирање содржини за Instagram.
Коментирајќи ја својата нова резиденција, Џек изјави: „Никогаш не би рекол дека ќе ја изградам мојата прва куќа со девојката од моите соништа, на тропски остров 7.000 милји далеку од домот“.