Ако хобитите одеднаш станат љубители на футуристички, современ дизајн, Хобитон можеби би изгледал како вилата која можете да ја видите во нашата галерија…
Сместена во Русија и е дело на компанијата Нико Архитект, а делува како да се наоѓа во исклучително рурален дел од земјата, иако зафаќа релативно ограничена урбана парцела во областа Чехов во Москва.
Направена првенствено од монолитен армиран бетон, вилата од триста квадрати има интересен органски дизајн кој би одговарал совршено со универзумите на Lord of the Rings и Star Wars.
Од пејзажот се издига како природен рид, преполн со заоблени светла и оџаци, со стаклена фасада со две висини свртена кон рефлективниот базен и базенот за пливање.
Компанијата Нико архитект сакала да креира баланс кој нè асоцира на жив организам, односно оној кој ја отфрла идејата дека природата и архитектурата постојат независно една од друга.
Всушност, тие се обидуваат да ни докажат дека футуристичката архитектура е „природен израз на природата“. Различните функционални зони на куќата се одвоени доволно за да имаат приватност и чувство на мир и спокојство, додека во исто време тие се доволно поврзани за да формираат една целина.