Во 2020 година – влегуваме со сребрен сјај!
Според Источниот календар, симбол на претстојната 2020 година е Белиот метален стаорец, па облеката во сребрени нијанси ќе биде најдобриот избор за новогодишната забава.
Метален сјајен фустан, блескаво сребрено здолниште или сјаен топ со тенки прерамки – ваквиот стајлинг сигурно ќе го привлече вниманието на симболите за 2020 година и ќе ви помогне да привлечете среќа барем за Новогодишната ноќ.
За оние кои претпочитаат различна палета на бои, препорачуваме да го надополните изгледот со сребрени додатоци: тоа може да биде клач торба, сребрени чевли, масивни обетки, ѓердан или елегантен сребрен брош.