Познатата модна куќа Givenchy ја претстави својата нова есенска колекција за 2020 година, дизајнирана од нејзиниот креативен директор Клер Вајт Келер…
Деликатниот и скулптурен асортиман е инспириран од грчката божица Ирис, која ги споила морето, небото и подземниот свет. Ирис исто така владеела со светот на цвеќето – всушност, нејзиниот истоимен цвет беше еден од омилените на Hubert de Givenchy.
Во новата колекција ирисот е отпечатен на плетените фустани, капутите и јакните, додека најинтересните фустани имаат истакнати раменици, имитирајќи ја формата на ливчињата од ирис.