На нашата програма оваа седмица:
10.12. // 18:00 – Од Сапиенс до Хомо деус
Отворено предавање и деконструкција на визионерскиот опус на Јувал Ноа Харари.
11.12. // 19:30 – Промоција на графичкиот роман – Во Италија сите се мажи
Промоција на еден интересен графички роман чиј автори се Лука де Сантис и Сара Колаоне од Италија.
12.12. // 10:00 – Форум на социјални претпријатија
Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, продолжува да го промовира социјалното претприемништво како можност за развој на социјалната економија.
12.12. // 18:00 – Предавање – Опрема и Безбедност
Дознајте како се користи и одржува планинарската опрема и како да останете безбедни при ризик во природата.
12.12. // 21:00 -Стендап шоу на Никола Тодороски
Еден човек со микрофон и 75 минути пеколна комедија.
13.12. // 12:00 – InnoTech Club
Неформално дружење за сите кои сакаат да се запознаат со клучните фактори на науката, технологијата и иновациите.
13.12. // 17:00 – Петок после работа
Опуштена атмосфера, супер музиче, бургер и Златен Даб за 100 денари.
13.12. // 22:00 – Македонски Шлагери
Препев на најубавите македонски евергрини.
14.12. // 18:00 – Официјално отворање на Jungle Tribe Македонија
Запознајте го тимот на Jungle Tribe и дознајте ги светските дестинации за патување кои тие ги нудат.
14.12. // 21:30 – Предновогодишни дружења во Public Room
Премиерно во Јавна Соба поп-рок бендот Fiction составен од тројца млади момци.
15.12. // 12:00 – Детска креативна работилница
Овој пат во духот на Нова Година изработуваме новогодишни подарочиња кои на крај дечињата ќе можат да ги задржат за себе.
15.12. // 13:00 – Spice it up with Vegeta Natur #2
Повелете на вкусен неделен ручек со најблиските и новите зачини на Вегета.
Одлична музичка програма за вашите предновогодишни дружења цел декември!
Ви посакуваме пријатна работна седмица!
Нашето електронско известување го испраќаме на нашите омилени личности, затоа што сакаме секогаш да се информирани за интересните случувања во Јавна Соба!
Очекувајте го нашето неделно известување и следниот понеделник.