Демна Гвасалија продолжува да ја поддржува World Food Programme – Светската програма за храна.
Како поддршка на Светската програма за храна, брендот Баленсијага претстави капсула колекција на облека и модни додатоци. Колекцијата вклучува маици, дуксери, чорапи, марами, капи, мантили и додатоци со натписи “Saving Lives Changing Lives” и “Balenciaga Supports”.
Исто така, се знае дека сега Баленсијага ќе префрли 20 проценти од продажбата на секоја ставка во Светската програма за храна на ООН.
Цените се движат од 390 $ за капа до 1950 $ за мантил. Сите нови производи од оваа линија може да се купат во декември на веб-страницата Баленсијага.