Новогодишната колекција на Christian Louboutin е во продажба на сајтот MyTheresa.
Колекцијата е составена од само осум пара, но секој дефинитивно ќе го освои срцето на секоја девојка. Да, францускиот дизајнер предлага да ја поминете празничната сезона во кадифени чевли, украсени со мека машна, бели чизми до глуждовите со шилци или патики кои се украсени со кристали.
Колекцијата вклучува и сандали со проsирна подлога и пар со холографски сјај. Се разбира, секој од овие модели има црвен ѓон – заштитен знак на модната куќа Christian Louboutin.
За време на забавите, дизајнерот сугерира да не ги потиснувате емоциите и да танцувате сè додека тоа ви го дозволуваат чевлите.