Едноставни решенија од модните писти …
Повеќеслојна облека
Најефективен начин да избегнете студ на отворен или во затворен простор: Облечете се во неколку слоеви, додадете ролка под џемперот и волнен блејзер под капутот.
Волнено здолниште
Доколку сакате женствено облекување, одберете миди-модел веднаш над глуждот од густ твид, волна или кашмир. Ова здолниште ќе се спари добро со високи чизми во стилот од 70-тите години и со топол џемпер.
Капа
Се врати во мода точно на време за да ни помогне да ги преживееме студените зими. Најмодерните капи беа видени на модните ревии на Версаче и Фенди – од кожа и крзно.
Елек
Топло решение за викендите: Слободно можете да носите поголем плетен елек над голем плетен џемпер во комбинација на панталони со висок струк и чизми во стилот на 80-тите години.
Јакна под капут
Ако не сакате да се одвоите од капутот, тајната е да комбинирате лесни модели – тенката јакна ќе изгледа хармонично со минималистички капут со лежерен крој од волна.