При средбата со сопствениците на мансардата во Сохо, студиото за дизајн беше инспирирано од нивните интересни личности, како и од нивната современа уметничка колекција…
Концептот за дизајнот на овој ентериер, брзо почна да се претвора во цврста идеја. Интригантната колекција на современа уметност и фотографски уметнички дела беше една од првите работи што Студиолав ги сретна во обидот да ја разбере естетиката и темпераментите на неговите клиенти.
Истражувајќи и работејќи со нив уште од почеток, тие создадоа простор што може да биде приватен дом, но и место за дружење и работа исто така.
Успехот на овој проект за дизајн на ентериерот лежи во создавање простор кој делува како луксузен, современ дом кој е истовремено гостопримлив и лесно одговара на дневните потреби на неговите сопственици.
Целиот дизајн, вклучувајќи го мебелот и осветлувањето, завршните детали и бои, совршено ја потенцира уметничката колекција на сопствениците, славејќи ги нивните екстровертни личности.