Од 14 јануари, оваа година, нов тропски рај ја освои Романија – Терме Букурешт, кој се наоѓа на само десет минути од градот…
Сопствениците на овие Терми, австриската групација А-Хит, велат дека ова е најголемиот комплекс од ваков вид во Европа. Германската група Вунд, која има четири термални центри во Европа, работeше на изготвување на овој проект.
Покрај својата уникатност, иновации и огромна инвестиција, оваа најголема термална бања во Романија ќе биде место каде посетителите ќе имаат можност да бидат сведоци на поставување на бројни рекорди.
Терме Букурешт, центар за велнес, релаксација и забава со површина од 30.000 м2, се заснова на термални води, лоцирани на 20 км северно од Букурешт, во Балотести. Главните елементи на овој центар се осум загреани базени, каде водата постојано има температура од 33 Целзиусови степени. Базените на овие бањи се полни со топлинска вода, која се пробива на длабочина од 3.100 метри. Температурата на воздухот е секогаш помеѓу 29 и 30 Целзиусови степени, а центарот е отворен од 9:30 до 11:30 часот во работните денови и 8 наутро наутро до 1 часот по полноќ за време на викендите. Букурешт сега доби нов посебен елемент, кој дефинитивно ќе го стави на листата со желби, како главна туристичка атракција на регионот. Иако самиот град има многу да понуди, овој проект ќе му донесе светска слава.
Инаку, овој парк не содржи само термални базени, туку и најголема затворена и надворешна градина со растенија во оваа земја. Градината е составена од над 800.000 растенија и стотици видови дрвја, вклучувајќи ја и најголемата плантажа за палми во Европа. Главната привлечност на ова место е Дрвото на животот, кое е едно од најголемите растителни реткости на денешницата.