Откриена е темата на Мет-Гала за 2020 година.
Ендру Болтон, кустос задолжен за Институтот за костуми во музејот, најави дека пролетната изложба и придружната гала-манифестација, инаку позната како најголема ноќ на модниот календар, ќе се фокусира на времето.
“About Time: Fashion and Duration” ќе ја одбележи 150-годишнината од Мет, а делумно ќе биде инспирирана од Вирџинија Вулф и теориите на францускиот филозоф Хенри Бергсон од почетокот на 20-тиот век.
На изложбата ќе бидат прикажани 160 парчиња женска облека од последните 150 години.
Болтон изјави дека модата е неизбришливо поврзана со времето и не само што го одразува и претставува духот на времето, туку самата се менува и се развива со текот на времето.
Николас Гескеиер од Луи Витон, Ема Стоун, Лин-Мануел Миранда, Ана Винтур и Мерил Стрип, ќе бидат присутни на Мет Гала и ќе председаваат.
Како ќе се одлучат гостите да се справат со кодексот на облекување, останува да видиме, но се чини дека ова е една од најотворените и најкреативни теми за црвениот тепих што сме слушнале во последно време. Поточно, учесниците можат да изберат нешто многу впечатливо или едноставно да изберат да носат нешто безвременско.