Од нашите омилени high street брендови Zara, Mango, H&M …
Без оглед на сегашните трендови, елегантниот миди фустан никогаш не излегува од мода. Тој е секогаш во нашите плакари, а оваа есен е најпосакуваното парче за создавање деловен стил.
Кога велиме миди – мислиме на фустани кои се до колена, малку над или малку подолу. Ова се фустани кои секогаш добиваат зелено светло без разлика за каква прилика станува збор, а се особено пожелни за работа во време на есенската сезона.
Едно нешто, сите тие имаат заедничко – сите модели имаат долги ракави, ретро принт или машна околу вратот.
Иако изгледаат помалку „здодевно“, кога се комбинирани со кожна јакна или топло палто и трендовски чизми, ќе создадете стајлинг кој е восхитувачки.
Погледнете во галеријата со фотографии и пронајдете модели по ваш вкус.