Чизмите до колена се задолжителни за секоја студена сезона
Моделите со високи пети се најпопуларни, особено оние со подебели пети кои веќе завладеаја по улиците, затоа што се одлични за секојдневните комбинации каде што треба да поминете цел ден.
Тие ја издолжуваат фигурата и му даваат на секој моден стил допир на женственост и елеганција. Исто така, тие изгледаат одлично за вечерните изгледи, особено спарени со мини здолниште или фустан.
Покрај еднобојните модели, оваа сезона, многу се популарни модели со животински принт кои се повеќе се гледаат по метрополите.
Доколку ви недостасува инспирацијата како да носите високи чизми до колена, погледнете подолу.