Расположени за дружење со колегите надвор од канцеларија?
Оваа седмица во Public Room:
15.10. // 17:00 – HR Cafe & Networking во октомври!
Разговори за современа HR методологија и ново позиционирање на HR функцијата.
16.10. // 18:00 – Психолошки муабет
Настан од отворен карактер, посветен на водењето грижа за менталното здравје.
17.-19.10. // 12-20 – Ехо на минатото, крик во сегашноста
Тридневен базар на рачни изработки.
18.10. // 17:00 – Петок после работа
Незаменливата комбинација бургер и пиво за 100 ден. за незаменливо afterwork опуштање.
18.10.-20.10. // 17:30 – Meet the Artist
3 дена Public Room ќе биде ателје на Ѓорѓина Спасевска, каде одблиску ќе можете да го видите нејзиниот начин на сликање, да дискутирате за нејзината работа, инспирација и живот во современото општество.
18.10. // 22:00 – Македонски шлагери
Oвој петок започнува третата сезона уживање со најубавите македонски стихови!
19.10. // 21:30 – Concert: EGYPT
Јаготката на месец октомври!
25.-28.10. – Честитајте ни роденден а ние ќе „ве послужиме” со евергрини, џез, електро, детски креативни работилници и се разбира вкусна торта!
Ви посакуваме пријатна работна седмица!
Нашето електронско известување го испраќаме на нашите омилени личности, затоа што сакаме секогаш да се информирани за интересните случувања во Јавна Соба!
Очекувајте го нашето неделно известување и следниот понеделник.