Познатата дизајнерка, Викторија Бекам, претстави нова колекција на нејзиниот истоимерен бренд на модната ревија во Лондон…
Како и секогаш, брендот Викторија Бекам ни нуди нов вид елеганција во својата нова колекција, потенцирајќи ја потребата за рафинираност на секој бод, детаљ и боја што се користи. Со изобилство на неутрални тонови, класично женски силуети и некои необични акценти, линијата се нуди како нова визија за секојдневниот изглед на модерната жена.
Машни, цветни обрасци и невообичаени форми се она што го нуди Викторија Бекам за следната сезона пролет / лето, и мора да признаеме дека ги сакаме нејзините елегантни, проsирни фустани, кои, иако широки, совршено ја следат линијата на женското тело.