Оптички илузии и опасни бои во колекцијата на Балмен!
Во пролетната колекцијата на Балмен, креативниот директор Оливие Рустен речиси целосно го напушти она што е цврсто вградено во ДНК на брендот во последните години: раскош, претерување, пркосно луксузен декор. Наместо тоа, тој омилените силуети со исполни со отпечатоци засновани на оптички илузии и едноставна геометрија.
Кругови, ленти и триаголници се расфрлани наоколу – сè е слоевито, испреплетено, искривено и преклопено во нови форми. За Рустен, не биле доволни само отпечатоците и исечоците – и затоа решил моделите да ги претвори во геометриски фигури. Така, на пример, се појавија асиметрични костуми со една ногавица и еден ракав, претворајќи ги девојките во правоаголници.
Не се сите модели од оваа геометриска линија успешни, но наидовме на црно-бели ремек-дела – со широки рамења, обрасци на кругови со уредно лого на Балмен.