Оваа година нема да се одржи најочекуваната модна ревија на светот за долна облека на брендот Victoria’s Secret!
Некои мислат дека ревијата е откажана заради скандалите и падот на популарноста на брендот.
Всушност, брендот претрпе големи критики од јавноста заради незастапеност на разноликост на пистата, а во декември 2018 година, поранешниот главен директор на маркетингот Ед Разек, беше присилен да и се извинува на јавноста затоа што тврдеше дека јавноста нема интерес да гледа plus-size модели или трансродови лица на пистата.