Социјалната мрежа Pinterest, на која може да потрошите повеќе часови во потрага по инспирација, објави резултати од пребарувањето во категоријата “Свадбени фустани”.
Во секоја земја постојат омилени силуети и стилови. На пример, француските невести бараат кратки свадбени фустани, рационалните девојки од Германија се позаинтересирани за фустани што се погодни за граѓански церемонии – Жените од Британија сакаат да најдат венчаница за на плажа, а дамите од Шпанија за свадба на отворено или во рустикален стил.
Австралиските невести се залагаат за минимализам, па оттука и терминот “едноставен венчален фустан” води меѓу нивните барања, а жените од Јапонија првенствено се заинтересирани за фустани направени од природни материјали.
Истите склоности имаат жени во Северна и Јужна Америка. На пример, американските жени бараат долги класични фустани, девојките од Аргентина сакаат да најдат опции кои ја нагласуваат фигурата, а Бразилките избираат модели кои се идеални за свадба под јасното небо.
Патем, во овој дел на планетата Мексиканките станаа најпрактични. Како и жените од Германија, тие се првенствено заинтересирани за фустани за граѓанска церемонија, а не за величенствена свадба и прославување на неколку стотини гости.