Пентхаус на пет нивоа со површина од околу 2.000 квадратни метри, кој се наоѓа на Менхетен, содржи повеќе од 450 квадратни метри екстериер, со приватен базен и стаклена када, а се продава со цена од 98 милиони долари …
Овој стан е дизајниран со многу високи тавани, а потенцијалниот купувач ќе има можност да го организира во свој личен стил. Пентхаусот има единаесет спални соби и четиринаесет купатила.
Покрај приватниот базен и џакузито, зградата во која се наоѓа пентхаусот, располага и со олимписки базен и уште еден џакузи, како и фитнес сала, спа, соба со бесплатни часови по јога и спа за домашни миленичиња.