Лос Ангелес – Хорор шоу на модната ревија на Moschino …
Moschino одлучи да го преземе просторот на компанијата Universal Studios. Модната ревија на овој бренд беше организирана на улица, која беше искористена за снимање на серијата Desperate Housewives, како и познатата Wisteria Lane.
Колекцијата полна со различни чудовишта и хорор елементи, изработена во чистиот стил на Џереми Скот, успеа да го привлече вниманието на сите гости. Графички, поп-арт илустрации, ги красеа сите модели кои прошетаа по модната писта. Некои модели беа покриени со мрежа како пајажина, додека други, беа украсени со тридимензионални хорор детали.