Јагодите се многу вкусно овошје и можат да се конзумираат во различни комбинации.
Тие се корисни за имунитетот и содржат голем број витамини, но многумина не се сигурни колку е дозволено секојдневно да се консумираат.
Јагодите содржат 60 грама витамин Ц и биоактивни супстанци полифеноли, кои се силни антиоксиданти. Тие се препорачуваат за децата и возрасните кои страдаат од анемија, а содржат фолна киселина, витамин Е, провитамин А, витамини од Б групата, како и минерали манган, железо, калциум и магнезиум.
Иако се совршени за освежување во жешките летни денови, потребно е да се обрне внимание на количината која ја консумираме, особено кога станува збор за помалите деца кои можат да имаат алергија на ова овошје.
Јагодите не се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со прекумерна тежина. Дури и ако немате здравствени проблеми, треба да обрнете внимание на тоа колку од ова овошје дневно внесувате во вашето тело.
Совршената доза е чаша јагоди дневно, а поголеми количини може да предизвикаат проблеми со варењето.