Со оглед на денешниот начин на живот, очите се склони кон многу проблеми, а нивната сувост е една од нив.
Со цел да се зачува здравјето на вашите очи, неопходно е да се намали употребата на дигитални уреди и да се вклучат одредени видови на храна во вашата исхрана.
Ова се пет вида на храна, која со конзумирање можете да ги заштитите вашите очи.
Цитрусите како што се грејпфрут, портокал и лимон се богати со витаминот Ц, кој помага во третманот на лечење на очите. Антиоксидансите помагаат во борбата против проблеми со очите кои се поврзани со возраста.
Зелениот лиснат зеленчук, како спанаќот и кељот, е богат со лутеин кој ги штити очите од оштетување од сончева светлина.
Семките како што се: лен, коноп, чиа и сончоглед се богати со омега-3 масни киселини и витамин Е ..
Морковот, долго време се смета за зеленчук кој е исклучително корисен за очите и видот. Тој е богат со бета-каротин и витамин А, кои имаат важна улога кога станува збор за видот.
Рибата се смета за еден од најбогатите извори на омега-3 масни киселини. Исто така, рибите како што се туна, лосос, скуша и пастрмка, содржат многу рибино масло корисно за вид. Ова масло го решава проблемот на сувите очи, што е резултат на долготрајната употреба на дигитални уреди.