Уметничкиот центар Помпиду беше инспирација за дизајнерот на Louis Vuitton, за да ја создаде оваа колекција – поточно, не уметничкиот центар, туку плоштадот пред него, каде што секогаш има многу живот.
“Сакам да седам и да ги гледам луѓето. Гледате што навистина е Париз. Гледате улични танчери, посетители на музејот кои се ексцентрични, луѓе од светот на модата, спремни на сè “, рече дизајнероот Nicolas Ghesquière.
Училишни јакни, јакни со големи ракави и прави здолништа, фустани со корсети, како од Танц со ТВ ѕвездите, сребрени оклопи како свемирски вонземјани – речиси сè наликува на нешто.
Покрај тоа, колекцијата има доволно елементи кои се осудени да станат хитови и едноставно се добри без посебна желба за носталгија. Јакните со големите ракави, достигнуваат до половината, блузи со отмени ланчиња, комбинезони, палта, апсолутно сè е од кожа …