Светската премиера на најочекуваниот филм ова лето, “Било еднаш … во Холивуд” се одржа на најпознатиот филмски фестивал во Кан.
Неколкумина одбрани, имаа можност први да го видат деветтиот филм на Квентин Тарантино, за кој долго време се зборуваше.
Дека ова е специјално филмско изненадување на овој необичен и ненадминлив режисер, се гледа и по тоа што беа спречени било какви информации за филмот, освен оние што ги пласирашесе самата филмска екипа.
Проекцијата на премиерата во Кан беше под строга контрола, па така, Тарантино и се обрати на публиката која го гледаше филмот, со молба да ги задржат импресиите за себе, за на другите да не им го расипат изненадувањето.
Досега, Тарантино не ја разочара публиката ниту со еден негов филм, така да очекувањата и од овој филм се големи. А што точно ни подготви за ова лето, погледнете во финалниот трејлер на филмот ….