Брендот Baccarat во целиот свет е најпознат по својата уметност на креирање предмети од кристали …
Сепак, овој бренд успешно влезе во неколку поврзани зони во изминатите неколку години. На пример, тие отворија ултра-луксузен Baccarat Bar & Lounge во истиот хотел во Њујорк, и по овој потег, уследи и отворањето на Bbar Lounge во Милано.
Дизајниран како луксузен концепт, новиот ексклузивен бар се наоѓа на Via Monte Napoleoneво и е дизајниран како ултимативно место за уживање за сите гости кои сакаат да талкаат околу овој дел на градот во текот на вечерните часови.
Се разбира, Bbar има врвен дизајнерски ентериер, со најскапоцени Baccarat кристални дизајни. Со затемнета палета на бои и едноставни парчиња на мебел, декорот е во центарот на вниманието на секој гост.
Bbar во Милано, исто така, ќе ја претстави првата Baccarat home колекција за јавноста. Таа е продолжenie на нивната линија на фини кристали, која нуди столици, маси и луксузни кабинети. Создадена во соработка со Luxury Living Group, дебитантската home колекција беше презентирана и за време на Salone del Mobile во Милано.