Првите слики од најпопуларното бебе во Британија се објавени: принцот Хари и Меган Маркл го покажаа својот син.
Бебето е завиткано во бело ќебе и со бела капа на главата, додека во рацете го држи неговиот татко принцот Хари.
Мајката, Војвотката на Сасекс изјави дека сега има “двајца најдобри мажи на светот” и дека е бескрајно среќна.
Таа откри дека бебето е мирно и спие цело време, и дека првите денови беа извонредни.
– “Родителството е неверојатно. Поминаа само неколку денови и ние сме воодушевени” додаде таткото, принц Хари.