Со пристигнувањето на топлите денови, на градските улици се повеќе ги гледаме жените кои косата, без разлика дали е со средна или долга должина, ја плетат во романтични плетенки.
Токму плетенките се една од фризурите кои никогаш нема да излезат од мода, а нивните корени одат далеку во историјата, бидејќи жените ја плетеле косата уште во средниот век.
Во деновите кога сме во брзање и миењето на коса не ни е приоритет, плетенките се најдобриот избор, бидејќи тие обезбедуваат шик изглед.
Посебно се добар избор во летните денови кога распуштена коса не доаѓа во предвид, а опашката и пунџата се малку монотони.
Ние ви нудиме упатство за тоа како да ги сплетете популарните плетенки: