Ако имате проблеми со спиењето и сакате да го подобрите квалитетот на спиењето, пронајдете простор во спалната соба за растенијата како лаванда, бршлен, алое вера или гербер.
Лавандата има многу здравствени придобивки, а подобрувањето на квалитетот на спиењето е само една од нив. Апсорбирајќи го CO2, лавандата ослободува свеж кислород и го прочистува воздухот. Поради смирувачкиот мирис се користи во фитотерапијата и ароматерапијата за третман на нарушувањата како што се анксиозност, стрес и нарушувања на спиењето.
Ако не сте обожавател на интензивната арома на лавандата, можете да ставите англиски бршлен во спалната соба.
Тоа е растение кое исто така го чисти воздухот, ги отстранува сите токсини и создава релаксирачка атмосфера за спиење.
Kрин на мирот, Spatifilum, е растение кое ќе го прочисти воздухот во спалната соба за дури 60 проценти. Покрај тоа, ова растение апсорбира мувла која ја претвора преку своите листови во храна.
Кадравиот папрат е растение кое исто така, заслужува место во вашата спална соба бидејќи го ослободува кислородот преку ноќ и го прави воздухот во спалната соба свеж и чист. Ова растение е на листата на НАСА, како најкорисно растенија.
Воздухот ќе го направат чист и свеж и со растенијата како што се алое вера, јасмин и гербер.