Долгиот фустан скоро секогаш бил основа на женската облека.
Во античка Грција доминирале драпираните фустани и скулпторските форми, потоа елегантните фустани на Марија Антоанета станале безвременски симбол на рококо стилот … Не е ни чудо што шик макси должината се уште и понатаму ги инспирира врвните дизајнери.
Сезоната пролет-лето 2019 година ќе им припадне на нежните фустани во романтично- боемско издание.
Каков и да одберете макси фустан оваа пролет, комбирајте го со масивни патики до глужд, сандали и трендовски накит.