Голем колаж од хартија креиран по повод 30 години од стаклената пирамида пред музејот Лувр, се искина за само неколку часови од бројните посетители.
Францускиотуметник JR и 400 -тини волонтери поставија 2000 листови хартија во дворот на Парискиот музеј, минатиот петок, со што се доби илузија дека пирамидата е продолжение на еден необичен камен предел.
Но, во саботата, за многу кратко време инсталацијата беше уништена од бројните посетители.
“Сликите се како и животот, се ефемерни” – филозовски коментираше авторот JR, на својот твитер.
” Еднаш создадено, уметничкото дело има свој живот” – рече авторот на делото чија површина се протега на 17.000 метри квадратни