Од монохроматски, “строги” модели, до оние со шарен принт кој потсетува на лето, palazzo и culotte панталоните оваа сезона се апсолутен хит!
Во топлите денови во овие палацо и кулоти панталони ќе ви биде подеднакво пријатно за седење на работа во работните часови, како и за прошетка низ градот додека ги апсорбирате зраците на сонцето.
Изработени од мек памук, лен и памучен сатен, тие едноставно дишат со целото тело, имаат прекрасен пад и го прават чекорот многу полесен и комотен.