Соработката на Louis Vuitton со Virgil Abloh, предизвикува екстаза кај сите модни фанови.
Познат по неговите дела во уметничкиот и музичкиот свет, назначувањето на Виргил Абло како уметнички директор на машкиот дел на овој бренд, беше една од најинтересните вести во модниот универзум.
По долгото очекувањ на LV патиките кои ги дизајнираше Абло, се појавија и на веб-страницата на Луј Витон.
Замислете ги вашите скромни патики, со детали кои одговараат на стилот на LV и Virgil Abloh. Понудени во плитки, полу-длабоки и длабоки варијанти, патиките LV 408 се изработени од премиум кожа и декорирани со акценти на зелена, сина и црвена боја.
Овие модели на патики се дел од колекцијата пролет 2019 година.