Оваа година по 12-ти пат ќе се одржи Државното Првенство на Бармени на Македонија . Забавата, пријатната атмосфера и супериорните таленти на бармените ќе го оправдаат и ова првенство.
Дводневното првенство ( 26.03 I 27.03 ) ќе биде исполнето со богата агенда во која се предвидени многубројни семинари, натпревари и квалификации. (http://bar.mk/ )
Локацијата годинава ќе биде во Liquid Boutique Bar & Kitchen во Su Hotel на самиот брег од прекрасното и живописно Охридско езеро.
Нема да изостанат врвните техники кои го чинат секое натпреварување возбудливо, вештините при маневрирање со пијалоците и секако стандардот IBA кој ни дава сериозен пристап кон самиот натпревар.
Настанот бележи официјален почеток на 26.03.2019 во 12:30 кога ќе пристигнат самите натпреварувачи и ќе учествуваат во лотаријата за редослед.
Како дел од квалификациите се очекува место да заземат 30-тина учесници, кои ќе бидат оценувани од технички судии според неколку критериуми:
– брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел
– работа со барски прибор
– умешност при декорација
– внимавање на хигиена при подготовка на коктел како и на бар простор
– ниво на позитивна енергија
– secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена)
Во исклучително софистициран амбиент под отворено небо ќе го одбереме нашиот победник и претставник кој ќе ја претставува државата во Република Кина на на World Cocktail Competition .
Ве очекуваме сите да ни се придружите, да ја воздигнеме коктел културата на нивото кое го заслужува.