Лили Олдриџ е заштитно лице на новата кампања пролет / лето на брендот Ралф Лорен.
Познатата убавица ни претстави елегантни, но и лежерни стилови кои се совршени за потоплото време. Од совршено кроени блејзери до пругасти комбинезони и парчиња од тексас, Лили едноставно фасцинира во секој модел.
Што се однесува до убавината, американскиот модел позираше во елегантна брановидна фризура и нашминкана со природен изглед.