Шармантна колекција на чевли за сезоната есен / зима 2019/20 на брендот Кристијан Лабутен, кој како и секогаш, ја претставува познатата уметност и креативност на оваа модна куќа.
Дел од моделите не потсетуваат на топината и оптимизмот на Португалија, која долго време беше изворот на инспирација на славниот дизајнер. Неговиот креативен процес е видлив во сите нови модели, кои се инспирирани од неговите спомени.