Брендот Balenciaga се врати на своите корени за време на својата модна ревија во Париз.
Во прилично минималистичко опкружување, моделите се движеа по пистата носејќи ги возвишените основни модели, придружени со техно музика со неизбежни пулсирачки светла.
Капути, јакни и мантили, кроени со ремени околу половината, како и со високи крагни. Бои кои се вклучени во оваа колекција се нијанси на тиркизна, розова, жолта и неонско зелена.
Што се однесува до чевлите, во центарот на вниманието се кожни до глужд, високи потпетици и декорирани со машни, додека торбите се презентирани во неколку стилови за кои сме сигурни, дека ќе го наоѓаат своето место на хит-листите.