Во својата нова колекција есен/зима 2019, претставена на миланската модна недела, дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана се фокусираа на елеганцијата.
Модната ревија беше отворена со селекција на црно-бел изглед, вклучувајќи ги и елегантни костими, како и совршено кроени јакни и капути.
Инспирацијата од машките детали, доби женствено освежување со помош на кристални акценти и панделки.
За оние кои сакаат женствени опции, Dolce & Gabbana нудат пижами со детали од крзно, чипка и сатен.
Балските фустани и венчаници во А крој се изработени во романтичен стил, додека ретро силуетите за време на целата модна ревија, се карактеризираа со струкирани модели и коцкасти раменици.