Saint Laurent ја претстави новата колекција на Париската модна недела која ги израдува сите присутни.
Новата колекција дише со вибрациите на 80-тите години, кои можеме да ги видиме преку силуетата која ги опфаќа сите парчиња во форми на нагласени раменици.
Освен препознатливите класични парчиња од Saint Laurent, како што се сакоата со дворедно копчање, новата колекција се состои од монистри, тантела, високи појаси, пердуви, леопард принт, крзно и шапки во бои.
Модните критичари ја прогласија колекцијата, совршена комбинација на смелост и сензуалност.