Фенди му оддаде почест на Карл Лагерфелд, презентирајќи ја неговата колекција на Модната недела во Милано.
Карл Лагерфелд од 1965 година креираше за италијанската модна куќа Фенди, па затоа овогодишната ревија беше посветена во негова чест.
Новата колекција на Фенди зрачи со женственост, а целото внимание се фокусира на деталите, како што се внимателно дизајнираните јаки.