Новата кампања на шпанскиот бренд MANGO ја отвора вратата на своето модно кралство, наоѓајќи инспирација во други креативни изрази.
Користејќи слогани како “Ќе ја изградиме иднината заедно”, “Нашите соништа инспирираат” и “Веруваме во моќта на заедницата”, кампањата има за цел да ја шири свеста за значењето на културата и разновидноста во одредена заедница, а идејата е да ги пренесе овие пораки низ целата сезона преку бројни соработки и акции.
Единствена културна панорама ќе биде прикажана на сите Mango платформи со хаштаг #MangoNewVoices.