Досега е врежано мислењето дека едно јаболко на ден е доволно за да бидеме здрави.
Но, неверојатен факт е тоа дека ова овошје кое го јакне имунитетот не треба да се јаде во било кое време од денот, а за таа препорака има конкретни причини.
Бидејќи повеќето луѓе имаат дигестивни проблеми со пробавата, поради недостаток на сон или лоши навики во јадењето, јаболкото треба да се јаде наутро веднаш по будењето, бидејќи тогаш ја потикнува вашата пробава, подобро од било кое друго овошје.
Според некои студии, јаболкото се препорачува да се јаде во раните утрински часови, бидејќи е богато со диетални влакна и пектин кој се наоѓа во кората.
Покрај тоа, пектинот присутен во јаболкото може да помогне да се ослободите од токсините, бидејќи доведува до елиминација на канцерогените клетки од телото.