Прегратката со драги и блиски луѓе сите ја сакаат, а сега повторно се докажа дека има позитивно влијание врз здравјето.
Експертите веруваат дека прегратката од најмалку 20 секунди има терапевтски својства и нè прави посреќни. Прегратката го намалува чувството на осаменост, особено во време на социјални мрежи кога луѓето физички се дистанцираат еден од друг.
Нечија прегратка може да ја намали болката, да помогне кај стресот и депресијата, но, исто така и да релаксира. Прегратката го чува и срцето.
Истражувањата покажаа дека прегратката драстично го намалува нивото на кортизол, хормон на стресот, кој го зголемува крвниот притисок и ризикот од срцеви заболувања
И конечно, прегратка е најдобриот одговор на сè. Наместо илјада зборови, таа ќе ви овозможи да покажете силни чувства кон драгата личност.